ВИДЕО: Од „Рекет“ Катица Јанева ќарила мебел од 5 илјади евра

Од:

Јавното обвинителство за организиран криминал бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако ја прошири истрагата за случајот „Рекет” и попладнево таа беше уапсена од нејзиниот дом во Козле. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку рекет кој го барале Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец од Орце Камчев, таа издејствувала на бизнисменот да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја“.

Според истрагата, Јанева се стекнала со 298.000 денари (нешто помалку од 5 илјади евра) имотна корист, претежно во мебел и во предмети. Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја“.

Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а до крајот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шутка.

Од обвинителството велат дека засега нема индиции дека парите, околу 1.5 милиони евра што Камчев им ги дал на Боки 13 и на Зоки Кичеец завршиле кај домашни и странски политичари.

„Јавноста може да биде убедена дека обвинителството посветено го испитува целиот кривично-правен случај и дека за секој за кого ќе утврди дека презел кривично-правни дејствија ќе ја прошири истрагата, а исто така обвинителството неселективно ги истражува и обезбедува доказите и за другите лица и дела поврзани со овој кривично-правен настан.Ова јавно обвинителство и со денешното проширување на истрагата потврдува дека постапува неселективно, работи исклучиво врз основа на законот и обезбедување на владеење на правото“, рече Јовески.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај