Од невремето поплавени се дел од просториите на КАРИЛ, пациентите се препраќаат во други болници

Од:

Привремено е затворена Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ, откако дел од просториите се поплавиле по вчерашното невреме, потврдија од Министерството за здравство.До Клиниката стигнало и официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали.

– Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември“ и КБ „Наум Охридски“; пациентите од источна Македонија во КБ Штип; пациентите од централна Македонија во КБ Битола; Пациентите од западна Македонија во КБ Тетово“, се вели во соопштението.

Надлежните од Министерството за здравство и од КАРИЛ одбија да кажат колку пациенти имало во критичниот момент и колку болни лица се пренесени во ГОБ „8 Септември“.

Би можело да ве интересира

Рането момче е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски