Нов влажен бран со дожд и ветер се очекува од недела вечер кога ќе има локални врнежи од дожд, кои веќе во понеделник ќе се прошират низ целата држава и на места ќе бидат пообилни.
Ќе дува и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Максималните температури ќе се движат од 5 до 13 степени.
До недела, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево, а во сабота во западните делови од државата ќе има услови за слаб дожд.