Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време, по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.
Утре минималната температура ќе се движи во интервалот од еден до девет степени, а максималната дневна до 23 степени.
Во сабота попладне ќе има повремен дожд претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и во недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.
Според прогнозата на УХМР, во сабота највисоката дневна темепратура ќе биде до 23 степени, во недела до 17 степени, понеделник и вторник до 16 и во среда до 17 степени Целзиусови.