А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од идниот месец задолжителна идентификацијата на миленичињата со микрочип

by А1он20/05/2013 - 14:18167
Share0

Од идниот месец ќе биде задолжително идентификувањето на миленичињата со микрочип. Согласно Правилникот донесен во јануари годинава, за бездомните животни оваа обрвска ја презмаат стационарите.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, идентификацијата ќе ја спроведуваат овластени ветеринарни друштва. Со неа ќе бидат опфатени кучиња и мачки. Сопствениците се должни да ги идентификуваат миленичињата максимум шест месеци од нивното раѓање.

– За оние што нема да ја реализираат обврската, според Законот, предвидени се глоби, до 1.000 евра за правно и 80 евра за физичко лице. Но, интенцијата не е да се казнува, туку да се зголеми свеста за идентификација која ќе овозможи квалитетна здравствена заштита. Оттука, при евидентирање случај на неидентификуван миленик, најпрво ќе се пристапи кон советување и едукација, велат од Агенцијата.

Паралелно се спроведуваат и активности за контрола на кучињата скитници.

– Со измените на Законот за благосостојба на животните кои се во процедура, предвидено е формирање регистар на вдомени животни, како и регистар на опасни кучиња. Точно ќе се знае кој е сопственикот, дали животното е вакцинирано и кога. Ќе се воведе и инструмент за проценка на социјализацијата на кучињата, рече заменик директорот на Агенцијата Абдулезел Догани по денешната работилница.

Санкции има за лицата кои земаат, а потоа ги пуштаат кучињата повторно на улица.
Посебна комисија ќе го одредува процентот на социјализација на кучињата скитници. Друга комисија, пак, ќе проценува кое куче, домашно или скитник, е опасно или агресивно. Земени ќе бидат предвид повеќе фактори, раса, карактер, температмент,… со што практично ќе се прави селекција, односно ќе се одлучува околу вдомувањето.

Во Скопје месечно се заловуваат 200 до 250 кучиња скитници или околу 2.500 годишно. Сите се прегледуваат и задолжително се вакцинираат против беснило. Од нив се вдомуваат 15 до 20 отсто. Стационари освен во Скопје, има и во Куманово, Велес, Виница, Неготино и Делчево.

Европските експерти сугерираат исклучително сериозен пристап кон системот за контрола на кучињата скитници. Поради разликите на секој град, регион, општина, неопходно е изготвуање специфичен, соодветен механизам.

zivotni

Би можело да ве интересира

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Предраг Петровиќ10/04/2025 - 10:42

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on16/06/2024 - 20:15

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Горан Наумовски30/11/2023 - 12:26

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on09/06/2023 - 17:0709/06/2023 - 21:47

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on19/05/2023 - 12:2319/05/2023 - 15:19

Брижит Бардо ќе помoгне мечето Теди кое живееше во стар кафез во Штип да отпатува од земјава

Мери Јордановска09/01/2020 - 19:4310/01/2020 - 08:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен