Од денеска не важат замрзнатите цени на храната – се стравува дека нагло се ќе поскапи

Од:

Владината одлука за замрзнување на цените за дел од основните прехранбени продукти престанува да важи од денеска.

Со неколку владини одлуки, во последниве два месеца, беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Замрзнати беа и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки.

Се поставува прашањето дали граѓаните треба да стравуваат од нагло зголемување на цените сега кога владините мерки веќе не ги ограничуваат компаниите.

Министерот за економија Крешник бектеши изјави денеска дека  во однос на цените на производите, утврдено е дека речиси сите се намалени со владините мерки. Да, тие нема да важат и нема гаранција дека производите кои имааа замрзнати цени нема да поскапат, но рече дека добил ветување од компаниите за тоа. Доколку  се забележи дека цените вештачки се зголемат, тогаш ќе стапат на сцена инспекциите.

„Имавме разговори, каде што тие кажале дека за одредени производи ќе има и намалување Ако одредена компанија, одреден сектор, вештачки ќе се обиде да ги зголеми цените, институциите ќе влезат во функција и нема тоа да биде дозволено“,  изјави Бектеши.

Тој информира дека не се планирани посебни мерки, но рече дека ќе се следи спроведувањето  на законите.

„Не предвидуваме никакви мерки, само ќе важат сите одредби од Законот за пазарна инспекција, УЈП и Финансиска полиција, како и Законот за заштита на потрошувачите. Инспекциите мора да ги вршат контролите согласно тоа што е донесено како одлука од страна на Владата“,  рече Бектеши.

Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28 февруари кога се замрзна цената на белиот и полубелиот леб, а потоа на 16 март Владата донесе одлука да се замрзнат и цените на дел од тестенините и млечните производи. На 21 март стапи во сила и одлуката за замрзнување на цените на оризот и јајцата, додека на 5 април беа замрзнати цените и на 11-те видови овошје и зеленчук.

И цената на струјата најверојатно нема да се покачи за 13 отсто како што бараат дел од компаниите, вели министерот Бектеши, потсетувајќи дека и минатата година дел од компаниите бараа зголемување и до 100 отсто. Тој повтори дека, конечната одлука ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

„Претходната година, енергетските компании бараа зголемување, ако се сеќавате на 78 отсто, па надминаа и над 100 отсто некои компании. Не е важно колку бараат тие, важно е колку ќе се одобри од Регулаторната комисија за енергетика и која ќе биде цената која ќе ја утврди Владата на ЕСМ, која ќе ја даде кон универзалниот снабдувач, во овој случај ЕВН, цена која важи за домаќинства и мали потрошувачи. Тоа значи дека 13 отсто зголемување, кое е барање од страна на енергетските компании, најверојатно нема да се прифати. Јас можам да кажам дека нема да се прифати цената што би можело да ја бара ЕСМ, а работа на Регулаторната комисија за енергетика на направи калкулации за барањето од страна на МЕПСО и другите компании“, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Орце Костов