Цените на угостителските услуги во август годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 3.7 %. Во однос на претходниот месец, пак, се зголемени за 0.6 %, објави денеска Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.3 %.
