Цените во Германија продолжуваат да растат: Нафтените деривати поскапуваат за повеќе од 20 проценти

Од:

Германските големопродажни цени пораснаа за 4,9 проценти на годишно ниво во јуни, што е забавување во однос на зголемувањето од 5,9 проценти во мај, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).

Цените на големо во Германија растат на годишно ниво веќе 19 месеци по ред, поттикнати од цените на енергијата и суровините, се додава во соопштението.

Највисоки годишни зголемувања на цените се забележани кај нафтените деривати, кои пораснаа за 21,7 проценти, како и кај рудите на обоени метали, обоените метали и полупроизводите од обоени метали, каде што зголемувањето изнесуваше дури 31 процент.

Хемиските производи пораснаа за 14,9 проценти, додека цените на железото, челикот и полупроизводите од обоени метали се зголемија за 8,2 проценти.

Спротивно на тоа, некои групи производи бележат пад на цените, особено кафето, чајот, какаото и зачините, кои паднаа за 10 проценти.

Пад е регистриран и кај млекото, млечните производи, јајцата и јастивите масла и масти, каде што цените се намалени за 8,5 проценти на годишно ниво, според веб-страницата на Дестатис.

На месечна основа, големопродажните цени во Германија се намалија за 0,7 проценти во јуни, по падот од 0,6 проценти во мај.

Би можело да ве интересира

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

По триумфот на AfD, германскиот SPD бара повеќе дипломатија за Украина

Угостителските услуги поскапеа за 3,7% во однос на лани

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски