Обвинитетите за педофилија пуштени дома: Судот одреди куќен притвор

Од:

Обвинитетите во случајот за сексуална злоупотреба каде што жртва е 14-годишно девојче од Велес се пуштени во домашен притвор, дознава „А1он“.

Иако обвинителството за седуммина од деветмината обвинети кои вчера беа уапсени бараше мерка одредување притвор, судот проценил дека не се закана и наместо ефективен притвор им одредил само мерка куќен притвор, дознава „А1он“ од извори од обвинителството.

При изведувањето на обвинетите пред судија на претходна постапка, обвинителството за двајца од обвинетите бараше само мерки за обезбедување, но за седуммината обвинети за полова злоупотреба на немоќно лице, за трговија со дете и за делото производство и дистрибуција на детска порнографија, бараше одредување на притвор.

Судот за разлика од обвиинителството сметал дека нема ризик од бегство или повторување на делото и обвинетите како уште ноќеска, рано наутро околу три часот, веќе биле пуштени и се наоѓаат во своите домови.

Истрагата за сексуална злоупотреба каде жртва е 14-годишно девојче од Велес, беше проширена за уште десет лица, деветмина се уапсени, а еден е во бегство по вчерашната акција на полицијата.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка ја прошири постапката уште против десет лица, осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал.

– Во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. По преземените дејствија во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција. Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и на по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени се од слобода девет лица, додека еден осомничен се наоѓа надвор од државата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осуммина осомничени и мерки на претпазливост за две лица осомничени за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Првоосомничениот велешанец (25) ја запознал девојката на социјалната мрежа Инстаграм и откако ја стекнал незината доверба Откако ја стекнал нејзината доверба, имал секс со неа а односот го снимал. Снимениот материјал потоа го користел да ја уценува и принудува на сексуални односи со неговите пријатели. Повеќе од една година траел хоророт за 14 годишна девојка.

За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.

Би можело да ве интересира

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Таткото на Вања останува во притвор – Врховен му ја одби жалбата

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува