Oбвинителството уште чека вештачења за бегството на Груевски

Од:

И покрај тоа што поранешниот премиер, Никола Груевски, речиси една година е во Унгарија откако избега во ноември 2018 година, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не се откажува од предистражната постапка за неговото бегство.

Во скудната информација за „А1он“ пишува дека побарале дополнителни податоци и дека ги чекаат извештаите од вештачењата: „Се преземаат дејствија во рамки на предистражна постапка. Побарани се дополнителни податоци, се очекува пристигнување на извештаите од наредените вештачења на одземена техничка опрема“.

Во рамките досегашната истрага беа сослушани педесетина лица меѓу кои и членовите на неговото обезбедување, службеници во МВР и граничната полиција, а земени се и листинзи од телефонски броеви на лица за кои Обвинителството смета дека биле поврзани или има сомнение дека комуницирале со Груевски во критичниот период.

Албанија не достави видеозаписи за бeгството на Груевски за да се утврди начинот на кој тој ја поминал македонско-албанската граница. Шефицата на Обвинителството Вилма Русковска рече дека констатирале одредени пропусти кај институциите што не се кривично дело.

Груевски избега кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на СЈО. За Груевски се водат и други процеси кои се во судска постапка. Поранешниот премиер преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.

Државата побара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Тој е осомничен дека е еден од организаторите на насилниот упад во законодавниот дом. Парламентот лани му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Груевски до министерот за правда: Го гледам и не личи дека СДСМ на криминалецот Заев заминала од власт