Обвинителството бара да продолжи мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

Од:

Обвинителството побара да биде продолжена мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски, особено за првообвинетиот Виктор Милановски, на кого денеска му беше изречена затворска казна од пет години и десет месеци.

За помагачот пак, обвинителството побара претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

Претходно, таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски кажа дека се сомнева оти неговиот син бил убиен, зошто и после една година од грабнувањето, се уште нема никакви информации за него.

„Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше пари со себе, оваа криминална група го има сто отсто убиено и некаде фрлено. Оваа иста група се нудела на албанското подземје дека е подготвена да убива, киднапира и дека истите лица биле поврзани со власта, со МВР, крим трехника и дека за нив нема одговорност. Тоа се докажа кога дојдовме до сознанието дека се тие истите кои ги запалија „волвото“ во кое се возеле со Самоил. Полицијата не мрдна со прст. И мене ме испукаа поради тоа што потврдив дека Александар Трајковски Анфас е главниот организатор во групата. Тој е во бегство во моментов и тој е човекот кој ме испука, кажа Костадиновски.

Инаку, Љупчо е брат на Виолета, сопруга на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а исчезнатиот Самоил е нејзин внук.

Би можело да ве интересира

Обвинителството: Скопјанец со сатар тепал познаник, го грабнал и му се заканувал дека ќе го убие

Белград: Хркаловиќ осудена за тргување со влијание

Четворица мажи грабнале познаник за наводен паричен долг, му се заканувале со оружје

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

A1on

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

A1on

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

A1on