Обвинителството бара 48 часовен притвор за таткото на Вања

Од:

Обвинителството бара 48 часовен притвор за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска од Скопје.

Полицијата веќе го носи кон судот, каде во секој момент треба да пристигне и обвинителката, за да даде докази зошто тој треба да биде во притвор.

Обвинителството за него има докази дека давал информации на киднаперите, односно дека организирал извршување на киднапирањето со цел да бидат изнудени пари од мајката на Вања.

Во меѓувреме, се чекаат и резултатите од обдукцијата кои ќе дадат појасни информации за тоа како и во кој момент настапила смртта кај 14 годишната Вања и 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он