• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Обвинителот по една година нема сомнеж дека членот на Судски совет, Теофиловски ќе избега

by Кристијан Ландов04/01/2021 - 17:0704/01/2021 - 23:25990
Share0

Обвинителството поднесе обвинение, но овој пат не побара притвор за членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски. За разлика од пред една година кога обвинителот го убедуваше судот дека Теофиловски може да избега и дека треба да му се одреди притвор, сега го нема тој сомнеж. Според Обвинителството, членот на Судскиот совет секогаш бил достапен за нив и ги почитувал веќе изречените мерки на претпазливост, па нема потреба за построги.

Добивај вести на вибер

„За лицето за кое покажувате интерес, како и за останатите лица опфатени со обвинението се определени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа . Со оглед на тоа што обвинетиот во текот на истражната постапка беше секогаш достапен на обвинителството и ги почитува определените мерки на претпазливост, обвинителството цени дека во моментов нема потреба за определување на постороги мерки за обезбедување на присуство“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Против Теофиловски и други шест лица е поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба и овластување. Според Обвинителството, Теофиловски бил претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово кое противправно се стекнало со градежно земјиште со површина од 4.410 м2, откупувајќи го по цена од 43 денари за 1 м2 односно вкупно за 188.307 денари, а на штета на средствата на државата.​​

„Во текот на истражната постапка која траеше точно една година се прибраа доволно материјални и вербални докази врз кои се темели обвинението и смета дека Обвинителниот акт ќе биде прифатен, а предметот ќе добие судска разрешница“, велат од Обвинителството.

Во јануари минатата година, Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Теофиловски за да се овозможи водење кривична постапка, но не и за да оди во притвор, иако Законот за Судски совет воопшто не предвидува имунитет за членови на Советот. Судот, сметаше дека постапува според одлуката на Судскиот совет, а Обвинителството и натаму тврдеше дека Теофиловски нема имунитет. Додека траеше спрегата поради различното толкување на Законот, сега обвинетиот Теофиловски за кого се тврдеше дека може да избега, беше на слобода.

„Обвинетите З.Т., А.Н, К.И., И.К. и Џ.А. овозможиле, правното лице, противправно да се стекне со право на сопственост на непостоечки објект со површина од 122 м2, а се со цел исполнување на условите од чл.23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и чл.20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост со кој се пропишува стекнувањето на право на сопственост на објект и ексклузивно правно на откуп на земјиште, како и негова приватизација. Обвинетиот Ц.Н. со намера правното лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште во државна сопственост во површина од 4.410 м2, спротивно на чл.14 ст.3 и чл.20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, иако градежната парцела не била дефинирана со урбанистички план, ниту правното лице градежното земјиште го користело по основ на стекнато право на сопственост на објект со правна основа, спротивно на законските услови, поднел Барање за купување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија“, соопштија од Обвинителството.

sudski sovetteofilovski

Би можело да ве интересира

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он20/01/2026 - 16:55

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:44

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:42

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 13:55

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен