Обвинителката Ристоска ги пронајде украдените кучиња: Немам зборови да ја опишам радоста

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска, која денеска преку социјалните мрежи информираше дека двете кучиња од расата хаски, кои се слепи и со шеќерна болест, биле украдени од нејзиниот двор во тетовски Лешок, вечерва објави дека кучињата, женките Астра и Зоне, се пронајдени и се заедно со семејството.

„Астра е дома благодарение на Јована! Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни! Голем поздрав до сите од моите девојки!“, напиша Ристоска на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Обвинителката Ристоска го доби случајот за дискриминација против Советот на јавни обвинители

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци

Горан Наумовски

Украдени хаските на обвинителката Ристоска: Нема да покренам постапка против крадците, само да ни ги вратат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Некој со нов автомобил, друг со нов стан, заврши мандатот на специјалните обвинители