Украдени хаските на обвинителката Ристоска: Нема да покренам постапка против крадците, само да ни ги вратат

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска преку социјалните мрежи информираше дека ноќеска од нејзиниот двор биле украдени две хаски. Таа апелираше ако било кој има некаква информација да ја исконтактира бидејќи хаските се слепи и се со шеќерна болест.

„Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи.

Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат.

Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.

Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години“, пишува Ристоска.

Би можело да ве интересира

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Обвинителката Ристоска го доби случајот за дискриминација против Советот на јавни обвинители

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци

Горан Наумовски

Обвинителката Ристоска ги пронајде украдените кучиња: Немам зборови да ја опишам радоста

Жарко Настоски

ВИДЕО: Некој со нов автомобил, друг со нов стан, заврши мандатот на специјалните обвинители