Обвинителката Ристоска ги пронајде украдените кучиња: Немам зборови да ја опишам радоста

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска, која денеска преку социјалните мрежи информираше дека двете кучиња од расата хаски, кои се слепи и со шеќерна болест, биле украдени од нејзиниот двор во тетовски Лешок, вечерва објави дека кучињата, женките Астра и Зоне, се пронајдени и се заедно со семејството.

„Астра е дома благодарение на Јована! Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни! Голем поздрав до сите од моите девојки!“, напиша Ристоска на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Савески жали за одлуката на Ристоска, очекувал од неа значаен придонес

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Савески ги редефинира овластувањата – Ристоска повеќе нема да постапува по „Талир“

Горан Наумовски

Советот на јавните обвинители ја одби претставката на Ристоска за политички влијанија

Изборот мора да е заснован на квалитет, а не на подобност, Ристоска реагира на изјавата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Ленче Ристоска: Се кандидирав за државен јавен обвинител, јавноста да има увид во моите заложби за иднината на ЈО

А1он