Обвинител акт за неовластено држење на оружје против едно лице од Арачиново

Од:

Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт против едно лице од село Арачиново, заради неовластено држење на оружје, информираат од ОЈО Скопје.

-На 14 мај, обвинетиот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со калибар 9 мм Para, со 3 рамки со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со калибар 7,62Х39 мм со една рамка со 29 куршуми од тој калибар. Лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните, соопштија од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што сѐ уште постои опасност од бегство, имајќи ја предвид висината на запретената казна за делото кое му се става на товар, како и другите околности во предметот. Исто така, оваа барање е образложено дека постои опасност тој да го повтори кривичното дело, па од тие причини јавниот обвинител оцени дека не постојат основи за поблага мерка за да се обезбеди присуството на обвинетиот и непреченото водење на кривичната постапка.​

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога