Обвинетиот за убиството на охриѓанецот Матилоски повторно не се појави пред Судот

Од:

Српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (30), обвинет за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски повторно не се појави на за денеска закажаното судско рочиште од повторениот процес што против него се води пред Основниот суд во Охрид.

Според Судскиот совет што го води предметот, адвокатот на обвинетиот до Судот доставил барање за откажување од натамошно застапување на Угреновиќ, па со судска одлука за бранител по службена должност е назначен адвокатот Емил Балабан.

Поради отсуство на обвинетиот, главната расправа од повтореното судење е презакажана за 7 ноември. Доколку и тогаш обвинетиот не биде достапен за Судот, ќе биде побарано да му се суди во отсуство.

Судот во Охрид на првото судење го прогласи Угреновиќ виновен, изрекувајќи му затворска казна во времетраење од 16 години. На првото појавување пред Судот тој целосно ја призна вината, а неговата одбрана ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки го врати предметот на повторено судење. На првото појавување после одлуката на Апелација Угреновиќ целосно го смена исказот по однос обвинението, изјаснувајќи се невин за делото што му се става на товар. Тоа значеше потреба од повторување на целиот процес, а обвинетиот ја искористи недоследноста во легислативата и поради истекот на законскиот рок за притвор доби можност да се брани од слобода. Од тогаш тој воопшто не се има појавено пред Судот во Охрид.

Судскиот совет со кој претседава судијата Весна Кичеец поради тоа на обвинетиот му изрече 30-дневен притвор со барање за негово полициско спроведување во затворот во Охрид.

Убиството на Матилоски се случи на пречекот на новата 2016 година, во тепачка што се случи пред влезот на кафе-бар во центарот на Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: ДНК анализа конечно го откри силувачот и убиецот на Американка во случај од 1975 година

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Маж од БиХ е приведен во Антверпен под сомнение дека ја убил својата сопруга во хотел

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

Го претепаа до смрт поради гласини дека јаде говедско месо – владата во Индија го прекинува судењето

А1он