Експомошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој денеска поради здравствени причини не се појави на судењето и натаму не смее да го оттуѓува автомобилот, станот и нивите, бидејќи Апелациониот суд го потврдил решението на кривичниот совет на скопска единица.
За него во случајот „Триста“ СЈО побара да му биде определена забрана за оттуѓување на движен и недвижен имот.
Адвокатот на Поповски, Боро Тасевски и од СЈО за „Макфакс“ и потврдија дека Апелациониот суд ја потврдил одлуката на кривичниот совет на првостепениот суд кој го прифати предлогот на специјалното јавно обвинителство да му го замрзне имотот. Претходно судија на претходна постапка го одби ова барање, на што СЈО вложи жалба.
Поповски нема да смее да го оттуѓува возилото „ауди“, станот од 73 кавдаратни метри и нивите кои ги поседува. Откако оштетено лице пријавило имотно-правно побарување, СЈО побара да се изрече забрана за отуѓување и оптоварување на имот. Апелациониот суд во Скопје го спаси Поповски од притвор. Обвинителите од СЈО кога ја бараа оваа мерка, потенцираа дека Поповски е имотен човек.
В. Маглешов