ВИДЕО: Обвинет во „Насилство во Центар“ отишол на службен пат – не дојде на судење

Од:

Александар Трајковски, еден од обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ на специјалното јавно обвинителство не се појави на денешното рочиште затоа што бил на службен пат во Хрватска. Неговиот адвокат достави решение од градоначалникот на општина Гази Баба, дека Трајковски како советник бил поканет на настан во Хрватска.

Поради неговото отсуство, рочиштето е одложено, а следното е закажано за 6 јуни. Обвинителката Фатиме Фетаи побара да бидат закажани повеќе рочишта затоа што, како што рече, ова е најстариот предмет на СЈО.

За насилството пред објектот на Општина Центар што се случи во 2013 година првообвинет е експремиерот Никола Груевски. Освен него, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување насилството пред општина Центар во јуни 2013 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“