А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинение за татко и син – дилери на кокаин

by А1он18/11/2020 - 15:5418/11/2020 - 22:421240
Share0

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца жители на населба Ченто – татко и син, кои неовластено продавале кокаин на купувачи – корисници од село Кондово, Скопје, Тетово и полошкото село Неготино.

Добивај вести на вибер

– Обвинетите татко (49) и син (22), во првата половина на 2020 година, неовластено заради продажба купиле наркотична дрога – кокаин по потекло од Јужна Америка, од непознато лице, припадник на меѓународна организирана група. Купената дрога сите заедно ја пренеле преку државната граница во земјава и неовластено ја држеле во заедничката семејна куќа во населбата Ченто. Таткото имал задача, во зависност од нарачките на заинтересираните купувачи, дрогата да ја дели и препакува во пакувања од 0.5 до 5 грама, додека синот бил задолжен за продажбата. Од почетокот на јули 2020 година до 03.09.2020 година обвинетите по претходни телефонски договори, наркотичната дрога – кокаин неовластено ја продавале на купувачи – корисници од село Кондово, Скопје, Тетово и Неготино, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинителството бара и прдолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

– Притоа беше земено предвид дека се работи за недозволена трговија со кокаин што е поскап вид на дрога, дека за сторителите материјалната страна на обезбедување услови за бегство и за различни начини на попречување на истрагата не претставува проблем, како и евентуалната нивна поврзаност со сторители во меѓународна група специјализирана за недозволена трговија со дрога кои би овозможиле нивна понатамошна ангажираност за повторно вршење на ваков вид на кривични дела, се вели во соопштението.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dileridrogaobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски07/02/2026 - 13:1607/02/2026 - 17:26

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:07

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски04/02/2026 - 22:1804/02/2026 - 22:33

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

Горан Наумовски04/02/2026 - 18:49

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

Горан Наумовски03/02/2026 - 18:12

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Горан Наумовски02/02/2026 - 11:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен