Обвинение против скопјанец за криење арсенал оружје, муниција и дрога во бункери

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 24-годишен скопјанец, кој во импровизирани бункери во земја неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин.

Импровизираните бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ во Скопје, се откриени во текот на април годинава.

– Притоа, во импровизираните бункери и околу нив биле пронајдени автоматска пушка MPIKM со пластичен кундак и калибар 7,62х39 мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка „Црвена застава М75“ со калибар 7,9 мм, автоматски пиштол VZ61 scorpion со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач, 34 куршуми со калибар 7,65 мм, автоматско оружје – пушка од албанско производство со калибар 7,62Х39 мм, една празна рамка и една рамка со 18 куршуми од тој калибар, полуавтоматско оружje BERETTA Cx4 storm со калибар 9 мм, автоматско оружје – пиштол „Застава М84 scorpion“ со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач и со рамка со 20 куршуми од тој калибар, како и полуавтоматско огнено оружје – пушка „Застава М76“ со калибар 7,9Х57 мм со монтиран оптички нишан, информираат од ОЈО.

Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.382,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.

Поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител поднел и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје.

Лицето се товари дека ги сторило кривичните дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1, како и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра