Обвинелството е против повторно изведување докази за „Тортура“

Од:

Јавното обвинителство смета дека сите битни факти се целосно утврдени и фактичката состојба е целосно јасна поради што не предлага повторно изведување докази, изјави обвинителот Љубомир Лапе на преотворената постапка на судењето за предметот „Тортура”.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, е вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни, не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите и закажа ново рочиште.

Обвинителот Лапе, на денешното рочиште, рече дека околностите кои судот смета дека треба да се дообјаснат, за тоа кој од обвинетите кое дејствие го преземал, веќе се веќе јасни и утврдени.

– Сметам дека обвинетите се поединечно наведени и дека сите употребиле прекумерна физичка сила и го легнале пред камера, знаејќи дека се снима и со тоа заедно го сториле делото, изјави Лапе.

Во поглед на околноста, кој обвинет и кое дејствие со колкав интензитет го презел, обвинителот Лапе, рече дека тоа јасно се гледа од видео снимката, како и од исказот од тројца сведоци.

– Во поглед на интензитетот на дејствијата сметам дека тоа е емпириски немерлива категорија, туку се гледа дали оставиле трага или страдање врз жртвата, нагласи Лапе.

За одредување на интензитетот на жртвено страдање, според меѓународните конвенции, тој посочи дека значајни се траењето, физичките и духовни ефекти, полот и возраста на жртвата, здравствената состојба, начинот на извршувљње и употребените методи.

– Делото е сторено секако. Прашањето е само за одредување на видот и висината на казната. Со ова се дава одговор и на околноста за видот и употребената сила и закана, изјави Лапе.

Постојат, рече Лапе, разни техники на нехуман третман, што во себе опфаќаат минимум физичка сила, а ефектот врз жртвата се постигнува, како што е чувство на страв, несигурност, пониженост и инфериорност.

– Вештачењето на институтот за судска медицина и вешти лица од областа на псохијатрија, поткрепени со искази на затворскиот доктор и психијатар, како и исказот на жртвата Љубе Бошковски се повеќе од доволни дека ваквиот начин на апсење со малтретирање, застрашување и понижување пред камера кај оштетениот предизвикале душевно страдање од висок степен, еднакво на смрт на близок член на семејство, изјави Лапе.

Случајот „Тортура”, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО.

Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата ,,Алфи”.

Би можело да ве интересира

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: „Алфите“ кои го апсеа Бошкоски со пиштол на образ си честитаа слобода со Мијалков

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Лапе: Ваквата пресуда испраќа порака дека начинот на кој е уапсен Бошкоски е дозволен и законски

Кристијан Ландов