Обука на волонтерите од Црвениот крст

Од:

Во рамки на проектот „Стоп на пороците“ денеска во Агенцијата за млади и спорт се одржа обука на волонтери од Црвен крст на Република Македонија, кои активно ќе бидат вклучени во реализација на проектот.

Како што соопшти АМС, на обуката беа присутни волонтери од Кавадарци, Прилеп, Охрид и Скопје. Главен обучувач беше доктор Лилјана Игнатова, која ги информира учесниците околу техниките на делување во делот на волонтерството и проектот.

Во изминатиот период во рамки на проектот беа опфатени десет општини, со извршени презентации во основните училишта на околу 7.000 ученици.

Во текот на декември 2015 година беше побликувана и брошура „Кажете и не на дрогата – кажете му да на животот!“, која ќе биде дистрибуирана на учениците од основните училишта.

Проектот во текот на 2016 година продолжува со реализација во Скопје, Охрид, Прилеп и Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски