Облачно, свежо и врнежливо

Од:

Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 3.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната температура на воздухот ќе биде во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе бидат послаби. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Температурата ќе се движи од 14 до 19 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.Температурата ќе биде во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски