А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Облачно и студено со врнежи од снег

by А1он26/02/2018 - 08:40102
Share0

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта, ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка.

Добивај вести на вибер

Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од минус три до два степена.

Во Скопје исто така облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 0 степени.

Во следните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови значително заладување и повремени врнежи од снег. Утре во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Од овие врнежи насекаде ќе се формира снежна покривка на пониските места околу 10-15 см, а на планините покривката ќе се зголеми и за над 30 см.

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат во опаѓање и ќе се значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта кон изутрина, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени. Од петок температурата ќе биде во пораст.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто