Во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови. Локално се очекуват да наврнат и 20 до 25 литри дожд на метар квадратен.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер. Утринските температури од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 25°C.
Во Скопје во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 22°C.