Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Наместа се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 12 до 20 степени.
Во Скопје, слично време, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Утре ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен, а во петок од северозападен правец. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.