Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во попладневните часови.
Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2) и поројни во форма на невреме.
Ќе дува умерен, а на повеќе места засилен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени. Дневните температури ќе се движат од 7 до 17 степени.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег.
Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.