Облачно со ветер и сончеви периоди

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови најпрво на југот и долж Повардарието ветерот ќе биде повремено засилен и ќе достигнува брзина и до 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе дува повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Утре попладне и во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час. Под влијание на влажен бран во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои ноќта во вторник спрема среда на места во западните делови од земјата и на планините ќе преминуваат во снег. Врнежите во северните делови ќе бидат нешто пообилни.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска