Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од пет до 13 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до три степени.
Утре ќе се задржи слично време, а од недела следува период на претежно стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.
