Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини со појава на слаба магла, а попладне во планинските подрачја со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал со 14 до 21 степен.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 9 и дневна до 19 степени.
До среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата.
