Облачно со сончеви периоди

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните и југоисточните делови на земјава, каде се очекува да наврнат околу 10-ина литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19 степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Од четврток се очекува стабилно, суво и потопло време со слаб до умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски