Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени. Максималната дневна температура ќе достигне 10 степени.
Во сабота се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини.