Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде облачно со кратки сончеви периоди, а попладне со повремени врнежи од дожд, на места со ретки грмежи.

Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон среда, особена во северозападните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 литрина метар квадратен.  Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, кој ќе биде пообилен во ноќните часови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната до 17 степени.

Во среда во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат послаби и локални. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен ветер од сверозападен правец. Од четврток се очекува стабилно и потопло време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски