Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Утрово температурите во земјава се над нулата. Во Охрид и Крушево се регистрирани 3 степени Целзиусови, 4 во Претор, 5 во Берово, Битола, Крива Паланка и Прилеп, 6 во Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец и Дојран, 9 Штип и Гевгелија и 10 степени во Демир Капија.

За изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог до 7 часот (во l/m2) е измерен во Пожарање од 10 литри на метар квадратен, следат 6 во Скопје-Петровец и Охрид, 5 Куманово и Дебар, 4 Гевгелија, 3 Дојран и Крушево и 2 во Битола и Ѓуриште.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 12 сантиметри.

Како што соопшти УХМР, денеска се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски