Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени слаби локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од два до осум степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до нула и со дневна до шест степени.