Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат на запад кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат во западните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени целзиусови.
Во Скопје, слично време со минимална температура до еден и максимална до 12 степени.
Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.