Облачно со повремен снег

Од:

Облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег ќе преовладува денеска во Македонија. Повеќе врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава, а на крајниот југоисток, врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од -6 до еден, а дневната од нула до пет степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен снег и утринска температура до -2 степена. Дневната температура ќе се искачи до два степена.

Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски