Облачно со повремен дожд, попладне сонце

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со услови за појава на локален дожд, особено во претпладневните часови во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Особено засилен ќе биде долж Повардарието. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и ќе има се почести сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 20 до 28 степена.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со услови за повремен дожд, а ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди и мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Утре и во петок ќе дува умерен, повремено и засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат пониски за три до пет степени. Во петок и сабота во попладневните часови се уште ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд. Во недела ќе има услови и за појава на нестабилност со појава на грмежи и локален пороен дожд. Дотогаш температурите ќе бидат во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски