Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 12 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.
До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места ќе има услови за ретки грмежи. На планините, особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а в среда во западните и јужните. В петок во текот на денот врнежите ќе престануваат.
