Времето денеска ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на дневните температури.
Се очекуваат да наврнат и над 30 литри дожд. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер.
Ветерот ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 10°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 7°C односно до 16°C.
Во текот на вечерните часови врнежите ќе престануваат.