Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локален дожд особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 5 од 12, а дневната од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време, претежно облачно со слаб до умерен југоисточен ветер, кој доцна попладнето ќе го смени правецот во северозападен. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.