Времето денеска ќе биде променливо облачно. Значителна облачност УХМР најавува во западните делови со услови за слаб краткотраен дожд. По одделни котлини, особено на југоисток ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до 10, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура до три степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До сабота наутро по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, кои преку денот ќе слабеат. За време на викендот ќе започне да дува североисточен ветер и оваа промена малку ќе ги покачи утринските температури и ќе ги намали условите за појава на утринска магла.