Облачно со дожд, на планините снег

Од:

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд особено околу пладне и попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска