Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, пообилни попладне, како и во тек на вечерта и ноќта. Минималната температура ќе биде околу 4, а максималната ќе достигне 9 степени.
Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повисоките места, како и речиси насекаде во источните делови.
Во среда и четврток претпладне ќе има стабилизација со разведрување и ниски утрински температури, а потоа повторно следува период на променливо време со повремен дожд.