Облачно, посвежо и повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните, и источните делови.

Денеска ќе има и ретка појава на грмежи претежно на југозапад на земјата. Ќе дува повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Минималните температури ќе се движат од од 4 до 11, а максималните од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 15 степени.

Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на температурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини претежно во северните делови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски