Облачно, попладне локален дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северните и западните делови променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степен.

Утре во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста, на повеќе места со појава на пороен дожд и грмежи. Врнежите повеќе се очекуваат во западните и северните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец, а дневната температура дополнително ќе се намали и во најголем дел од земјава ќе биде под 30 степени. Од петок ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски