Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи. Попладне врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови. Ќе дува повремено умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.

Во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а локално и околу 50 литри на метар квадратен.

Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски