Облачно и посвежо, претпладне со врнежи од дожд

Од:

Времето ќе биде претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=4

Утринската температура ќе се движи од осум до 17 степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне. УВ=4

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.

Од петок ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната седмица ќе има услови за локален дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски